22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle инвестира 600 милиони евра во центар за податоци во Финска

Google инвестира 600 милиони евра во центар за податоци во Финска

Google во Европа во моментов има центри за складирање во Данска (Фредериција, во изградба), Ирска (Даблин), Холандија (Емсхавен), Белгија (Хамина и Сен-Гхислаин) и Финска (Хамина во близина на границата со Руската Федерација).

Токму локацијата во Финска ќе биде дом на уште еден центар за податоци во чија изградба Google планира да вложи 600 милиони евра. Google на локацијата во близина на Хамина веќе има центар за податоци од 2009 година, кога e пренаменета старата фабрика за хартија, а неговиот систем за ладење работи енергетски ефикасно кој користи морска вода од Финскиот залив.

Истиот систем за ладење ќе го користи и новиот центар за податоци кој ќе биде изграден во близина на постоечкиот. Засега сèуште нема информации кога работата на новиот центар за податоци може да започне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП