28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple подготвува MacBook Pro со 16 инчен OLED екран

Apple подготвува MacBook Pro со 16 инчен OLED екран

Со години Apple MacBook лаптопите користат екрани со LCD технологија. Но, според новите извештаи од Кореја, можно е Apple повторно да направи пионерски чекор и ќе понуди на светот први масовни достапни лаптопи со OLED екрани во склоп на MacBook Pro линијата.

Извештајот сугерира дека новата серија Apple MacBook Pro лаптопи ќе користат 16-инчен целосен OLED екран. Тоа би значело дека екранот ќе биде “растегнат од работ до работ”, односно дека рамките ќе бидат или екстремно тенки или непостоечки. Имено, Apple планира да ја задржи истата големина на лаптопот како и денес, кој користи 15,6-инчни куќишта. Со други зборови, големината на самиот уред би требало да остане иста.

Ја научија лекцијата од телефоните

Apple пред извесно време конечно ги прифати OLED екраните кога станува збор за телефони, каскајки со години зад другите производители, но овој потег би ја вратил улогата на технолошки лидер, бидејќи ниедна компанија не нуди масовна серија лаптопи со OLED екрани. Интересно е што постојните MacBook Pro лаптопи користат OLED, но само за командна трака, односно Touch Bar секцијата на лаптопот, над тастатура.

Според истиот извештај, панелите би се испорачувале од Samsung, еден од лидерите на полето на производство на мобилни OLED екрани. На тој начин дополнително би се продлабочила соработката на двата технолошки гиганти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП