Видеото снимено во тајност на Ибица со поранешниот лидер на австриската партијата FPO, Хајнц-Христијан Штрахе и Јохан Гуденус, поранешниот заменик градоначалник на Виена и претседател на парламентарната групација FPO, можеби негативно влијаеа врз политиката, но го промовираа гигантот за пијалоци Red Bull во таен победник.
Комбинацијата на водка и Red Bull која се наоѓаше на масата на состанокот со наводниот руски инвеститор имала рекламна вредност за компанијата изразена со барем најмалку седумцифрени броеви.
Бројот на влезови во австриските печатени медиуми во првата недела по скандалот резултирало со рекламна вредност од 1,32 милиони евра, според анализите на APA-DeFacta.
Не се вклучени аудиовизуелни референци или многуте коментари на социјалните мрежи.
После се, Red Bull е наречен пијалок, кој се пие со суши, карпачо од бранцин, тартар туна, шампањ и вотка.