28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку ќе ја чинат Европската унија новоизбраните пратеници?

Колку ќе ја чинат Европската унија новоизбраните пратеници?

Изборите за Европскиот парламент се завршени, а новите пратеници ќе ја чинат Европската унија цело богатство.

За пет години, секој од 751 пратеници ќе добие месечна плата од 8.750 евра. За пет години, ова е околу 525.000 евра бруто по човек. На оваа плата им се пресметува европски данок и придонеси од осигурување. Кога ќе се одземат, останува 6.800 евра месечно.

Повеќето земји-членки ги обврзуваат своите застапници да платат дополнителен национален данок во матичната земја. Но, дури и по оданочувањето, им останува плати за која просечните граѓани можат да сонуваат. Покрај платата, пратениците добиваат и други надокнади.

Паушална надокнада од 4.500 евра месечно е за изнајмување канцеларија, телефонски трошоци, компјутери, конференциски и изложбени организации. Надокнадата се преполови за пратениците кои неоправдано изостануваат на половина од пленарните седници за една година.

Исто така, постои дневен паушал од 320 евра за секој ден за деловно патување во Брисел или во Стразбур. Оваа надокнада ги покрива трошоците за хотел, оброци и сите останати трошоци.

Во случај на ден на гласање, пратениците да пропуштат повеќе од половина од седниците, тие добиваат половина од таа сума.

На пратениците им е осигурана и надокнада за патни трошоци, и годишно можат да оправдаат износ од 4.454 евра, а имаат право и да повратат две третини од трошоците за лекување.

Претставниците во Европскиот парламент располагаат со канцеларии во Брисел и Стразбур. Тие, исто така, можат да ги користат официјалните возила на парламентот кога се на службено патување во еден од овие два града.

Пратениците можат да изберат нивни асистенти во рамките на сметката која ја утврдува Парламентот. Максималниот месечен износ за сите трошоци за вработување на асистент е 24.900 евра.

Пратениците можат да вработат до три акредитирани асистенти и не можат да вработуваат блиски роднини на тие места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП