2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛуксузен туристички комплекс на Охридското езеро

Луксузен туристички комплекс на Охридското езеро

Мултимилионерот Субрата Рој ќе гради луксузен комплекс на Охридското езеро, неговиот предлог за инвестицијата е доставен до премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески.Проектот што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе го реализира во Македонија е наречен „Сахарајан Македонија“ и ќе се гради на 240 хектари во околината на Охридското Езеро и ќе содржи хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти и терен за голф по меѓународни стандарди, исто така, проектот е изработен со целосна еколошка студија.

Проектот за комплексот е на британската компанија „Аткинс“, а предвидува изградба на туристичко-станбен комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода…

Во писмената изјава од Канцеларијата на Семанто Рој,синот на Субрата Рој,  извршен директор и шеф на одделот за меѓународен бизнис на „Сахара Индија Паривар“ пишува: „Ни претставува голема привилегија што по неколку месечни подготовки ја составивме визијата на нашиот претседател, Субрата Рој за локација од светска класа во градот Охрид и ќе ја претставиме на премиерот на Република Македонија и министрите од неговата Влада“.

Проектот „Сахарајан Македонија“ се претпоставува дека ќе чини неколку десетици милиони евра. Индискиот милијардер Субрата во месец август отвори своја фирма во Македонија со назив „Сахара Глобал Цом“, која е основана со капитал од 5 илјади евра, а со неа покрај милијардерот ќе управува и неговиот најмлад син Семанто Рој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП