19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.05.2019

Дневен хороскоп 27.05.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ова е за вас ден без многу динамика како на деловен така и на емотивен план. Новите деловни договори својата реализација ќе мора да ја причекаат, но тоа нека не ве загрижува, ќе имате време уште еднаш за се добро да размислите. Не навлегувајте во кавгите и дебатите во вашето деловно опкружување.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе функционирате под влијание на радосни вести и пријатни изненадувања. На професионален план некој ваш соработник ќе ви помогне да преминете во акција и да ја повратите загубената сигурност и надеж. Финансиската ситуација не ви е одлична, но драстично ќе се подобри.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Претставниците на овој знак кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и да ја прикривате реалноста ќе ви донесе големи проблеми.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Дел од планетите ви се наклонети но истовремено трпите и влијание на другите планети кои ви ги отежнуваат вашите постапки. Со околината нема да имате никакви пролеми, а особено ќе се сложувате со вашите претпоставени. Некои долготрјани проблеми ќе се активираат и ќе ве присилуваат на потези кои нема да бидат пријатни за вас. Без грижи, како и секогаш ќе најдете решение.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Некои Лавови ќе посакаат во работната околина или во самиот процес на работа да внесат некои новини за што денот е доста погоден. Можеби ќе имате и некој помал успех во работата кој нема многу да ви значи, бидејќи ќе биде резултат на тимска работа. Лавовите од третата декада ќе бидат во нешто подобро расположение од другите претставници.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве зафатил бран на позитивна енергија. Работното темпо значително ќе ви се забрза па ќе ви биде потребно многу дисциплина и напор за да можете на обврските адекватно да одговорите. Притисокот и тензијата ќе се зголемат и не ќе бидете во состојба да решите некои клучни работи иако за тоа многу ќе се ангажирате.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денешниот ден за вас ќе биде со променливо расположение. Планетите имаат големо влијание над вас, искористете го тоа. Намалете ги дневните активности и повеќе време посветете му на одморот. Разумно распределувајте ги парите. Некој повик од странство може да ве вознемири и разочара.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Успешната тимска соработка, внатрешната хармонија, но и со околината носат пријатен и успешен ден. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате. И покрај се, не ви е лесно, бидејќи се наоѓате во фаза на важни животни промени и одлуки.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ова е особено поволен период за зголемување на финансиите. Денес е можно да отидете на неколку состаноци кои ќе се одвиваат токму онака како што сте замислиле. Ако сте невработени, ќе имате можност да избирате. Ќе добиете повеќе понуди, и вам ви останува да размислите што е најдобро за вас.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Со партнерот ви претстои многу сериозен разговор во врска со финансиите. Мерките на штедење што тој ги заговара не ви одговараат, но ќе морате да ги прифатите. На работното место се ќе се одвива по старо, односно ќе завладее монотонија, тоа на вас ќе ви одговара, но само одреден период.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе се чувтвувате лошо, како да ве оставиле и подзаборавиле настрана. Некој намерно ви го создава тоа чувство на отфрленост, дали тоа е вашиот љубоморен партнер или ваш пријател, потребно е сами да откриете. Ќе биде поканети на свечена манифестација каде ќе биде потребно да ги претставите вашите квалитети.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот. Тргнете се настрана од кавгите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП