Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,000.48 -0.11%    FERS 73,526.00 0.72%    GRNT 1,210.20 0.75%    KMB 7,309.27 0.82%    MPOL 299.00 -0.33%    MPT 79,512.48 -0.26%    MTUR 5,700.00 -0.2%    PKB 12,000.00 3.68%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 70.00 0%    SBT 3,200.00 0%    STB 1,204.69 0.36%    STBP 656.00 0%    STIL 101.01 0.9%    TETE 2,348.75 1.94%    TNB 17,753.58 0.59%    TRPS 1,800.00 0%    TTK 1,689.90 2.76%    ZPOG 1,800.00 0%    

Герешајмер ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје вредна неколку десетици милиони евра

Време: 16:08

Датум: мај 23, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Договор за закуп на парцела со површина од 139.640 квадратни метри во ТИРЗ Скопје денеска е потпишан со германската фрмацевтска компанија Герешајмер која во повеќе фази треба да реализира објект од неколку десетици милиони евра во кој ќе работат 400 високостручни кадри.

Првата фаза треба да се реализира до крајот на декември годинава или најдоцна во првиот квартал од следната година.

-Во Владата го потпишуваме договорот за една од највредните странски инвестиции со Герешајмер, светски бренд за производство на амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија. Тоа е една од двете инвестиции кои беа договорени непосредно по потпишувањето на протоколот за членство во НАТО. Политичката, но и економската стабилност, како и влезот на европскиот пазар е најсилната гаранција за привлекување странски инвестиции. Многу брзо ќе соопштиме дека ќе бидат потпишани договори со уште две странски компании, рече премиерот Зоран Заев пред потпишувањето на договорот.

Тој нагласи дека инвеститорите веќе ја препознаваат земјава како сигурна и стабилна дестинација за своите вложувања.

-Политиките даваат резултат, креираме позитивен економски амбиент. Посветеното работење на привлекувањето нови странски инвеститори и на одржувањето на контакти со постојните инвеститори, но и на поттикнувањето на домашните компании да ги прошируваат своите капацитети и да инвестираат во нови ќе продолжи и во иднина, рече Заев и додаде дека резултат на тоа се нови 19 странски инвестиции од почетокот на мандатот и рекордно ниво на странски инвеститори.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев посочи дека потпишувањето на договорот доаѓа по една и пол година разговори и преговори.

-Компании како Герешајмер вработуваат луѓе кои имаат технички и технолошки знаења и кои можат да обезбедат работа за младите луѓе во нашата држава со високо образование и да им обезбедат пристоен живот за да не си одат од државата, рече Анѓушев.

Извршниот потпретседател на Герешајмер задолжен за глобални операции, квалитет и набавки Оливер Марк Бергел рече дека три работи биле главни за да се решат да инвестираат во ТИРЗ Скопје.

-Првата работа е што имате млади луѓе кои се стремат кон знаење и се подготвени да работат напорно. Втората е добрата инфраструктура, а третата непрекинатата добиена поддршка од Владата за сите потешкотии со кои се соочивме. Планираме да имаме вработени со висок квалитет. Сметам дека луѓето треба да останат во својата земја и ние сме тука за да ги поддржиме, рече Бергел.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски порача дека работата не завршува со потпишувањето на договорот, туку само што почнува.

_Се надевам дека што побрзо ќе успеете да го реализирате зацртаниот проект и ви стојам на располагање во секое време за да ви помогнеме во неговата реализација, рече Младеновски.

Герешајмер е светски позната компанија за производство на апликатори за инсулин, инхалатори за астма,… основана во 1864 година. Има 50 свои фабрики во 15 држави на четири континенти во кои работат 10.000 вработени што остваруваат 1,3 милијарди евра промет. Соработува со сите гиганти од фармацевтскиот сектор.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Стартуваше специјализираната платформа Извоз.МК

    Стартуваше специјализираната платформа Извоз.МК

    Денеска стартуваше Извоз.МК, специјализирана платформа за промоција и поддршка на македонскиот извоз и македонските извозни компании. Главниот фокус ќе биде ставен на порталот www.izvoz.mk, кој…

  • Amazon развива систем за плаќање со дланки

    Amazon развива систем за плаќање со дланки

    Компанијата Amazon развива терминали за плаќање во продавниците за малопродажба во кои наместо кредитни картички или други системи за безготовинско плаќање ќе ја читаат дланката…

  • Директорката на „Хуавеј“ на сослушување во Ванкувер

    Директорката на „Хуавеј“ на сослушување во Ванкувер

    Финансиската директорка и потпретседателка на компанијата „Хуавеј“, Менг Ванжоу се појави вчера на рочиште во Ванкувер. Судењето, како што предупредуваат адвокатите, може да трае и…

  • Facebook го отфрлa планот за воведување реклами на WhatsApp

    Facebook го отфрлa планот за воведување реклами на WhatsApp

    WhatsApp првично имаше малку измешан бизнис модел. Компанијата на почетокот им наплаќаше на корисниците годишна претплата, но подоцна ја укинаа и од тогаш апликацијата е…

  • Нова платформа: Lufthansa и Google Cloud потпишаа стратешко партнерство

    Нова платформа: Lufthansa и Google Cloud потпишаа стратешко партнерство

    Lufthansa и Google Cloud денеска објавија дека потпишале договор за стратешко партнерство. Тоа би требало да и овозможи на германската авиокомпанија да го подобри мониторингот…

  • Методија Мирчев е назначен за нов Извршен директор на А1 Македонија

    Методија Мирчев е назначен за нов Извршен директор на А1 Македонија

    А1 Македонија го објавува назначувањето на Методија Мирчев на функцијата Извршен директор. Веќе од денеска тој ги превзема одговорностите на извршната позиција и ќе го…

  • Microsoft вети дека ќе стане „јаглерод негативен“ до 2030 година

    Microsoft вети дека ќе стане „јаглерод негативен“ до 2030 година

    Microsoft тврди дека до 2050 година ќе отстрани количина на јаглерод еквивалентна на вкупната количина на емисии на Microsoft од своето основање пред 45 години. Microsoft вети…

  • Помалку пластика: Гигант за храна вложува 1,8 милијарди евра во рециклирање

    Помалку пластика: Гигант за храна вложува 1,8 милијарди евра во рециклирање

    Швајцарскиот гигант за прехранбена индустрија Nestle најави дека ќе инвестира две милијарди франци (1,8 милијарди евра) во период од пет години во рециклирање. Парите ќе ги искористат…

  • Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

    Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

    Добивката на Bank of America падна во четвртиот квартал минатата година за 4,0 проценти во однос на истиот период во 2018 година. Падот е предизвикан…

  • Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

    Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

    Почна со работа новата надградена  верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“ која од…