24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBosch казнет со 90 милиони евра поради "дизелгејт"

Bosch казнет со 90 милиони евра поради “дизелгејт”

Германското обвинителство соопшти денеска дека компанијата за производство на автомобилски делови и технологија “Robert Bosch” е казнета со 90 милиони евра поради својата улога во лажирање на емисијата на дизелските мотори.

Скандалот избувнал во 2015 година, кога Volkswagen признал дека во своите автомобили има вградено нелегален софтвер коj манипулирал со емисиите за време на тестовите.

Обвинителството во Штутгарт соопштило дека Bosch е казнет поради занемарување на неговите обврски, а компанијата одлучила да не поднесе тужба.

Bosch испорачал милиони системи за контрола на работата на моторот за различни производители од 2008 година. Софтверот на тие компоненти, според наводите на обвинителството, “содржи забранети стратегии”, а автомобилите емитувале повеќе азотни оксиди отколку што е дозволено.

Обвинителството наведува дека верува дека “иницијативата за интегрирање и формулирање на забранети стратегии дошло од вработените во производство на автомобили”.

Овој скандал го чини Volkswagen  милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП