11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата Volkswagen го намали изборот: Škoda ќе гради нова фабрика во Турција...

Групацијата Volkswagen го намали изборот: Škoda ќе гради нова фабрика во Турција или Бугарија

Најголемиот чешки производител на автомобили Škoda од Млада Болеслав, својата нова фабрика ќе ја гради во Турција или во Бугарија.

Засега не е познато дали новата фабрика освен модели на Škoda ќе произведува и други модели на Volkswagen групацијата. Исто така, сè уште не е познато дали новата фабрика ќе ја раководи Škoda.

“Дефинитивно е избрана Турција, каде има солидна инфраструктура но несигурно политичкото опкружување, а друга сериозна локација е постабилната Бугарија, која е дел од Европската унија”, изјавил за изборот на двата финални кандидати лидерот на синдикатот во Škoda, Јарослав Повшик.

Синдикатот на Škoda ќе бара проценка на тоа дали изградбата на нови фабрики во странство ќе влијае на стапката на невработеност во Чешка и колку ќе придонесе за добивката на Škoda.

“Се разбира, ние се грижиме за сите текови под покровителство и врз основа на принципите на Škoda, но дел од надзорниот совет има различно мислење. Политички тоа не е едноставно”, изјавил директорот на Škoda Бернард Мајер, и додава дека не е сигурно дека новата фабрика во Турција или Бугарија ќе ја управува Škoda, а не Volkswagen.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП