19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"British Steel" - првата жртва на Брегзит

“British Steel” – првата жртва на Брегзит

Политичките тензии во Британија достигнаа врв ден пред европските избори. Пратениците и некои министри бараат итна оставка на премиерката Тереза ​​Меј, бидејќи не се откажува од својот план за Брегзит.

Една од жртвите на политичкиот хаос е британската железара “British Steel”. Компанијата беше турната во стечај, бидејќи со владата не постигна договор за помош, а со тоа 25.000 работни места се изложени на ризик.

Втората најголема челичарница во Велика Британија се соочува со банкрот, три години откако беше купена за една фунта од индиската компанија “Tata Steel”, бидејќи работи со загуби.

Преговорите меѓу актуелниот сопственик “Greybull Capital” и владата за заем од 30 милиони фунти за премостување од Брегзит, не успеаа. Со ова 5.000 работници во североисточниот дел на Англија ги става во ризик и уште 20.000 работни места во синџирот на снабдување.

Работниците се надеваат дека владата ќе усвои план, но исто така велат дека се плашат дека ќе ги загубат своите работни места.

Владата тврди дека направила сé што можела за компанијата, вклучувајќи и заем од 152 милиони долари за покривање на еколошките трошоците. Не сака да запре производството, туку да се смени сопственикот.

Железарата е само последна во серијата жртви на политичката драма на островот. Откако е одбиен нејзиниот договор со Унијата, премиерката има подготвено уште еден договор за Брегзит кој предвидува гаранции за работниците во Велика Британија, компромис за Ирската границата и царините.

Во редовите на владејачката партија веќе се бара наследник на премиерката. Како можни кандидати се споменуваат сегашниот и поранешниот министер за надворешни работи, Џереми Хант, Борис Џонсон, и поранешните министерки за труд и Ембер Рад и Естер Мекви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП