19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs го купува ланецот на хотели B&B Hotels

Goldman Sachs го купува ланецот на хотели B&B Hotels

Goldman Sachs преговара со приватната инвестициона група PAI Partners да го купи ланецот на хотели B&B Hotels за 1,9 милијарди евра.

Тие две компании очекуваат да ја завршат работата во текот на оваа година, а PAI Partners очекува да ја зголеми својата иницијална инвестиција во тој хотелски синџир ако стекнувањето е одобрено од регулаторните органи.

Синџирот B&B Hotels е основан во Франција пред 30 години и оттогаш прерасна на скоро 500 хотели во 12 земји.

PAI Partners ги купи B&B Hotels во 2016 година. По тоа преземање, B&B во просек отворал по еден нов хотел неделно.

“Напорно сме работеле за да го претвориме B&B од важен локален играч во вистински паневропски лидер”, изјавил Андреас Кумет од PAI Partners.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП