26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple се обидел да го купи Tesla пред шест години

Apple се обидел да го купи Tesla пред шест години

Apple, наводно се обидел да го купи Tesla за околу 240 долари по акција уште во 2013 година, пишува порталот Electrek.

Понудата стара шест години сега е објавена кога акциите на Tesla паднале под вредноста која Apple наводно бил спремен да ја плати.

Денес, Крег Ирвин, аналитичар во Roth Capital партнер на CNBC говорел за оваа понуда. “Некаде во 2013 година, постоела сериозна понуда од Apple за околу 240 долари по акција”, изјавил Ирвин.

Аналитичарот не ги откри своите извори, но додал: “Тоа го проверивме многу пати. Сосема сум убеден дека тоа е точно. Apple се натпреварувал за Tesla. Не знам дали тоа стигнало до одредена формална фаза, но дознав за тоа од неколку различни, многу веродостојни извори”.

Ирвин тврди дека Apple би можел сè уште да биде заинтересиран за Tesla, особено откако вредноста на Tesla многу опаднала во текот на последниве месеци.

Тој тврди дека проектот на Apple, Titan, развој на автономно електрично возило, сеуште е во повој па затоа технолошкиот гигант би можел да биде заинтересиран за Tesla, за да ја искористи неговата стручност на тоа поле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП