24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинески авио-превозник бара оштета од Boing

Кинески авио-превозник бара оштета од Boing

China Eastern Airline соопшти денеска дека има поднесено формално барање кое од Boing бара оштета за загубата поради “приземјувањето” на Boing 737 Max.

“Приземјувањето на авионот 737 Max од 11 март предизвика релативно големи загуби за China Eastern Airline”, објавила кинеската авиокомпанија во својот дневен весник и додалa дека очекува дека со протокот на времето загубите ќе стануваат се поголеми.

Кина беше меѓу првите земји кои ги приземји Boing 737 Max во март, како одговор на несреќите што се случија со тој модел на авион.

За време на викендот Boing ги признал недостатоците на софтверот за симулатор на летање кој се користи за обука на пилоти на тој авион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП