26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголем историски пад на акциите на Deutshe Bank

Најголем историски пад на акциите на Deutshe Bank

Акциите на Deutshe Bank денес паднаа за три отсто, достигнувајќи најниска вредност досега, неколку дена пред годишната конференција.

Продажбата на акции беше резултат на афера, дека банката се обиде да прикрие серија сомнителни трансакции кои вклучуваат правни лица, контролирани од американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот зет во текот на 2016 и 2017 година.

Според извештаите за медиумите, овие трансакции биле забележани од страна на банкарски службеници и се подготвувале да ги испратат до Министерството за финансии на САД, како извештај за т.н. сомнителни активности, објави агенцијата.

Сепак, се тврди дека менаџерите на Deutshe Bank ги отфрлија предлозите на своите вработени и одлучија да одбијат да се грижат за евентуалното перење пари. Оваа трансакција, наводно, вклучувала проток на пари меѓу странски правни и физички лица.

Акциите на Deutshe Bank се тргуваа со 3,27 проценти пониска цена, од 6,623 долари по акција. Последен пат акциите паднаа толку ниско во декември минатата година, поради извештаи за евентуално спојување со ривалот Commerzbank.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП