23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFBI покренале истрага против Johnson&Johnson, Siemens, GE и Philips

FBI покренале истрага против Johnson&Johnson, Siemens, GE и Philips

FBI започнале истрага против корпоративните гиганти Johnson&Johnson, Siemens, GE и Philips, поради сомнение дека поткупиле бразилски функционери во случајот во врска со продажбата на медицинска опрема, за Reuters изјавиле двајца бразилски истражувачи.

Бразилски обвинители се сомневаат дека овие компании во изминатите две децении, подметнувале владини функционери за да осигурат нарачки за медицинска опрема, наменета за системот на здравствена заштита во таа јужноамериканска земја.

Бразилските власти тврдат дека повеќе од 20 компании можеби се здружиле во “картел” кој поткупувал функционери. Ја обвинуваат владата дека ги ”напумпала” цените на медицинска опрема, како што се уреди за магнентна резонанса и опрема за протетика.

Johnson & Johnson, Siemens, General Electric и Philips, чија вкупна пазарна капитализација изнесува речиси 600 милијарди долари, спрема цената на акциите на вчерашното затворање на пазарот, се најголемите странски компании против кои во Бразил во последните неколку години е покрената истрага поради сомнение во корупција.

Ако се открие дека ги прекршиле законите, големите американски и европски компании може да се соочат со големи парични и други казни во САД, спрема  законот за борба против корупцијата во странство (FCPA), кои граѓаните и домашните и странски компании, кои котираат на американските берзи, забрануваат поткуп на странски официјални лица поради добивање работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП