
„Google“ ја прекинува соработката со кинеската компанија „Huawei“, по мерките на САД против Кина.


„Google“ ја прекинува соработката со кинеската компанија „Huawei“, по мерките на САД против Кина.
Мерката ги опфаќа сите зaеднички дејности во врска со трансферирање хардвер, софтвер и сервисите, но не и софтверот со отворен код што се развива во „Google“ и кој „Huawei“ би можел да го користи, како што е програмата AOSP отворена верзија на Андроид, достапна како слободен софтвер.
Уредите на „Huawei“ веднаш ќе останат без надградби и нови верзии на содржините на „Google“. Новиот смартфон на „Huawei“ нема да има пристап до Google Play Store, Youtube, Gmail, Google Drive и Chrome.
– Ги разгледувамме последиците од овие одлуки. За корисниците на нашите услуги, Google Play и Google Play Protect, тие услуги и натаму ќе функционираат на уредите на „Huawei“, изјави претставник на кинеската компанија, без да открие натамошни подробности.
Овој прекин на соработката може значајно да ѝ наштети на работата на „Huawei“, кој ќе загуби пристап до ажурирањата.