28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ''Boing'' ги заврши поправките на софтверот на авионот ''737 MAX''

”Boing” ги заврши поправките на софтверот на авионот ”737 MAX”

Американскиот производител на авионите Boing тврди дека го завршил развојот на софтверското решение за проблематичниот авион “737 max”.

По 207 пробни летови во траење од 360 часа, Boing, како што е соопштено, подготвен е да го пушти во употреба ажурираниот софтвер за систем за контрола на летот, кој е под истрага за учество во две авионски несреќи.

Како што е наведено, софтверот е подготвен за проценка на американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA) и нејзините партнери во земји кои сакаат да извршат контрола над софтверот.

“Остваруваме јасен и стабилен напредок, и уверени сме дека “737 max “со ажуриран MCAS софтвер ќе биде еден од најбезбедните авиони досега”, изјавил извршниот директор на Boing, Денис Муленбург.

Авионите од типот “737 max 8” и “737 max 9” беа приземјени низ целиот свет откако пред два месеци се сруши авион на Ethiopian Airlines. Taa несреќа според истражувачите наликувала на несреќа од минатата година кога се сруши “737 max” на индонезиската авиокомпанија “Lion Air”. Во тие две фатални несреќи, животот го изгубија 346 луѓе.

Во двата случаи, автоматизираниот систем за контрола на летање или MCAS, автоматски го спуштил носот на авионот додека пилотите се бореле да ја вратат контролата.

Од Boing сега се вели дека после извршените поправки, MCAS во иднина ќе добива податоци од два, а не само од еден сензор, поради што авионот ќе биде помалку подложен на пад поради погрешни податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП