18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei: Мерката на САД само ќе се усмери на поскапи решенија

Huawei: Мерката на САД само ќе се усмери на поскапи решенија

Компанијата Huawei соопштила дека ограничувањето на нејзината активност нема да го направи САД побезбеден или посилен, после мерката на администрацијата на САД која треба ги заштити американските мрежи од напад на “странски противници”.

Како што пренесува BBC, Huawei соопштил дека на работата на компанијата никој не влијае и дека е независна од кинеската влада.

“Ова само ќе го насочи САД  на поскапи решенија и ќе влијание на американските компании и потрошувачи”, наведува Huawei.

Претседателот на САД, Доналд Трамп воведе вонредна состојба како би ги заштитил американските компјутерски мрежи од нападот на “странските противници”.

Тој потпиша наредба со која се спречуваат американските компании да користат странски телекомуникации за кои се верува дека претставуваат ризик по националната безбедност.

Не е познато зошто е воведена вонредна состојба, но се верува дека во прашање е Huawei.

Неколку земји, на чело со САД, последниве неколку месеци изразиле загриженост дека Кина ги користи производите на Huawei за надзор.

САД вршат притисок на сојузниците да не ги користат најновите уреди на таа компанија, пишува BBC.

Huawei бил во средиштето на американско-кинеската борба за превласт во светската политика во текот на изминатите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП