19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска Банка прокнижи 2,5 милиони евра добивка за првиот квартал

Охридска Банка прокнижи 2,5 милиони евра добивка за првиот квартал

Охридска банка АД Скопје во периодот јануари – март 2019 година оствари добивка во износ од 150,7 милиони денари која е намалена во однос на истиот период од минатата година кога изнесувала 199,6 милиони денари.

Приходите од камати во првиот квартал од 2019 година изнесуваат 384,2 милиони денари и споредено со истиот период минатата година Банката оствари пораст од 9,8 милиони денари како резултат на порастот на клиентските пласмани, додека каматните расходи во истиот период поради пазарните услови и поголемиот обем на депозити од финансиските институции бележат подинамичен раст од 14,3 милиони денари и изнесуваат 99,2 денари, што влијаеше на остварување на пониско ниво нето приходи од камати од 4,5 милони денари или за 1,6 %.

Во анализираниот период, нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 81,6 милиони денари и бележат зголемување за 11,3 милиони денари, при што приходите од провизии се повисоки за 14,8 милиони денари со позитивен придонес на провизиите од платните системи, провизиите од услуги кај кредитните производи, додека трошоците за провизии и надоместоци бележат раст за 3,5 милиони денари, што соодветно имаше влијание на вкупниот нето износ спореден со минатата година.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 39,9 милиони денари и се зголемени за 11,3 милиони денари, или за 39,6 % во споредба со истиот период минатата година.

Другите приходи изнесуваат 52,6 милиони денари во што се вклучени остварените приходи од отстапување на претходно отпишани побарувања.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето основа на крајот од првиот квартал на 2019 година изнесува 114,9 милиони денари и споредено со истиот период 2018 година бележи зголемување од 75,8 милиони денари.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ март изнесуваат 193,4 милиони денари и споредено со истиот период претходната година, се зголемени за 11,5 милиони денари, при што повисоки оперативни трожоци се забележани кај трошоците за вработени за 15,8 % , трошоците за амортизација се пониски за 4,8 %, додека останатите расходи од дејноста се на исто ниво како и минатата година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП