20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска Банка АД Скопје за периодот јануари-март 2019 прокнижи добивка од скоро...

Стопанска Банка АД Скопје за периодот јануари-март 2019 прокнижи добивка од скоро 9 милиони евра

Во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 599.895 илјади денари, што претставува намалување за 42,9% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога СБ склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат.

Нето приходите од камати изнесуваат 903.127 илјади денари, односно се намалени  за 5,9% во однос на истиот показател од 2018 година, при што приходите од камати забележаа намалување од 6,6%, додека расходите од камата забележаа намалување од  10,0%.

Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 262.646 илјади денари и се повисоки за 7,1% од истите во 2018 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од   услугите.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 22.596 илјади денари и се намалени за 42,7% во однос на претходно анализираниот период, пред се како резултат на намалувањето на маргините.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 6,2%, додека останатите расходи од дејноста забележаа зголемување за 11,3%.

Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 207.691 илјади денари.

Во анализираниот период СБ покажа исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 181.000 илјади денари соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Загубатата поради оштетување на нефинансиски средства, на нето основа изнесува 3.077 илјади МКД.

Финансискот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП