Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,076.22 0.34%    AMEH 500.00 -18.7%    CKB 700.00 0%    FERS 80,000.75 0.76%    GRNT 920.00 0.48%    KJUBI 1,598.00 1.01%    KMB 5,495.20 0.32%    MKSD 227.00 2.76%    MPT 62,570.49 1.05%    MTUR 5,450.00 0%    OKTA 5,132.00 -2.99%    PKB 10,000.00 -15.54%    POPK 24.00 -4%    RZIN 101.00 0%    RZLE 19.00 0%    RZLV 82.00 0%    SBT 2,358.00 2.97%    STB 1,011.09 0.98%    STIL 120.23 1.68%    TEL 310.12 0.45%    TETE 2,477.00 3.17%    TKVS 5,369.69 1.31%    TNB 17,155.48 0.36%    TTK 1,302.00 -0.89%    

Групацијата Триглав на тримесечје ја потврдува најавата за планираната годишна добивка

Време: 13:47

Датум: мај 15, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Триглав Осигурување Скопjе во првиот квартал работeше добро во својата основна дејност

Во првите три месеци од 2019-та година Групацијата Триглав фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираната бруто добивка порасна за 8% и изнесува 29,9 милиони евра. Имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, Групацијата ја потврдува најавата за планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои што управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019-та година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување.

Профитабилно работење. Групацијата Триглав во првото тримесечје од 2019-та година, оствари добивка пред оданочување во висина од 29,9 милиони евра (индекс 108 во однос на истиот период минатата година). На тоа влијаеше доброто работење во осигурителната дејност и повисоката нето добивка од продажбата на финансиски производи.

Раст на премија од 8%. Околностите на осигурителните пазари во југоисточна Европа оваа година остануваат под влијание на позитивните економски околности во последните неколку години, а истовремено на работењето влијае и заострената конкуренција во подрачјето на цени.  Групацијата Триглав во првото тримесечје оваа година, во однос на истиот период минатата година, оствари раст на фактурираната консолидирана бруто премија од 8%, што вкупно изнесува 317 милиони евра. Групацијата во поголемиот дел од пазарите бележи раст на премија над растот на премија на целокупниот пазар. Во Словенија, каде Групацијата Триглав има 76-процентен удел на консолидирана премија, растот на премија беше во просек 6% (пазарниот изнесуваше 5%), додека на пазарите надвор од Словенија растот изнесуваше 10%. Групацијата Триглав систематски ги спроведува зацртаните насоки од својата стратегија – ја прилагодува понудата кон потребите на клиентите од одредениот пазар, ги развива своите продажно-комуникациски канали (особено на пазарите вон Словенија, ја шири договорно-продажната мрежа и банкарскиот продажен канал) и спроведува активна маркетиншка продажна политика.

Гледано од аспект на поединечни сегменти на осигурување Групацијата оствари раст на премија кај сите видови на имотни осигурувања, а растот на целокупниот сегмент изнесуваше 9%. Во сегментот на осигурувања на живот и пензиските осигурувања премијата е намалена за 2%, превенствено поради пониската еднократна премија на осигурување, споредено со истиот период минатата година. Премиите од здравствено осигурување се зголемија за 20%, како последица на поголем број на склучени договори за осигурување и прилагодување на цените, на кои што влијание првенствено имаат обемот и растот на цени на здравствените услуги.

Релативно поволни штетни настани. Фактурираните бруто износи на штети  на Групацијата беа пониски за 3% во однос на истиот период минатата година и изнесуваа 166 милиони евра. Масовните штетни настани немаа поголемо влијание на овие износи. Нето трошоците за штети беа на очекуваната висина во споредба со оние од минатата година, кои беа релативно ниски, повисоки за 6%. Нивниот раст е 1 процентен поен над растот на нето приходите од премијата за осигурување во првото тримесечје оваа година (индекс 105), поради што коефициентот на штети ова тримесечје е нешто повисок од минатогодишниот. Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав изнесуваше поволни 91,6% (88,5% минатата година)

Зголемен обем на средства за управување. Управувањето со имот во Групацијата Триглав опфаќа штедење преку услуги на осигурување и вложување во  взаемни и пензиски фондови. Друштвото ќерка за управување, Триглав Склади, при крај на првото тримесечје го зголеми обемот на срества за управување, на што влијаеа приликите на пазарите на капитал и нето приливот. Во взаемните фондови се управуваше со 662 милиони евра нето вредност на средствата, или со 9% повеќе, отколку при крај на 2018-та година, додека средствата за индивидуално управување со имот се зголемија за 20%, на 60 милиони евра.

Во 2019-та година групацијата Триглав, во согласност со стратешките насоки за јакнење на дејноста за управување со имот, на македонскиот осигурителен пазар основаше друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, Триглав пензиско дршутво АД, Скопје. Во Словенија успешно го заврши купувањето на друштвото за управување Алта Склади. Со двете друштва за управување групацијата Триглав стана водечки понудувач на взаемни фондови на словенечкиот пазар.

Реализирани повисоки приноси од финансиски вложувања. Групацијата, при крајот на март 2019-та година располагаше со 3,2 милјарди евра финансики инвестиции. Нивните приноси (без приносите од вложувањата на осигурениците на живот, кои го превземаат инвестицискиот ризик) изнесуваа 33,5 милиони евра, а на нивното зголемување, во споредба со минатата година, влијаеа повисоките нето приходи од продажба на финансиските средства и повисоките нето приходи поради промената на чесната/фер вредност. Нето приходите од камати, поради ниските каматни стапки сеуште се намалуваат.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар изјави: „Со работењето во првите три месеци од оваа година сме задоволни, а имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, ја потврдуваме најавата за планираниот годишен резултат. Со тим од над 5 илјади вработени ја следиме зацртаната стратегија и го развиваме Триглав во насока на современа, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која цврсто останува на водечката позиција во Словенија и пошироко, во регионот.“

Групацијата Триглав на македонскиот пазар

Експертизата, квалитетот на понудата и стратешкото управување со компанијата и со нејзините процеси придонесоа кон перформансите на Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2019-та година и доброто работење во основната, осигурителната дејност. Во овој квартал компанијата оствари подобар комбиниран коефициент, споредено со резултатот во истиот период минатата година, како и намалување на бруто оперативните трошоци и останати осигурителни расходи. Во овој квартал Триглав достигна и значајни 52% пораст во бруто полисираната премија во доменот на приватното доброволно здравствено осигурување.

„Триглав Осигурување Скопје останува на својот зацртан пат, одреден со стратегијата и со добрата пракса. Во првиот квартал од оваа година повторно понудивме одлични нови можности за клиентите. Ги дополнивме производите за доброволно приватно здравствено осигурување со понудата на осигурување од малигни заболувања, производ кој ги третира најтешките проблеми на нарушено здравје на клиентите и кој има за цел материјално да ја покрие севкупната процедура на лекување на дијагностицирана малигна болест, почнувајќи од дијагноза, преку операции, до радио и хемотерапии. Воведовме и онлајн апликација за купување на здравствено-патничко осигурување, а секако работиме и на многу други можности, кои треба да го олеснат и подобрат животот на нашите клиенти. Тие се нашиот главен фокус и се трудиме да бидеме нивен партнер, да ги антиципираме нивните потреби и да излеземе во пресрет на нивните желби,“ изјави во оваа прилика главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.

 Триглав Осигурување Живот, членка на групацијата Триглав, која на крајот на 2017-та година започна да нуди осигурување на живот со компонента на штедење на македонскиот пазар, во првиот квартал од 2019-та година обезбеди 22% раст на бруто полисирана премија, споредено со истиот период минатата година. Компанијата продолжува активно да работи на едукација на пазарот за важноста и бенифитите на осигурувањето на живот, како и на збогатување на портфељот на производи, согласно потребите на пазарот.

 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Кинески авио-превозник бара оштета од Boing

    Кинески авио-превозник бара оштета од Boing

    China Eastern Airline соопшти денеска дека има поднесено формално барање кое од Boing бара оштета за загубата поради “приземјувањето” на Boing 737 Max. “Приземјувањето на авионот…

  • Apple ќе плати преголема цена поради американските санкции за Huawei

    Apple ќе плати преголема цена поради американските санкции за Huawei

    Apple би можел да има големи проблеми поради ставањето на Huawei на црната листа на Америка. Имено, светските пазари на капитал нервозно реагирале по блокирањето на…

  • Макпетрол АД Скопје ја пушти во употреба целосно обновената бензинска станица во Куманово

    Макпетрол АД Скопје ја пушти во употреба целосно обновената бензинска станица во Куманово

    Макпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствените капацитети и истовремено продолжува и понатаму со зацртаниот инвестициски циклус. При тоа, со постојана тимска работа на…

  • Макпетрол ги објави новите малопродажни цени на одделни нафтени деривати

    Макпетрол ги објави новите малопродажни цени на одделни нафтени деривати

    „Макпетрол“ АД Скопје ги информира своите потрошувачи и пошироката јавност за новите малопродажните цени на одделни нафтени деривати кои ќе важат на бензинските станици на…

  • Најголем историски пад на акциите на Deutshe Bank

    Најголем историски пад на акциите на Deutshe Bank

    Акциите на Deutshe Bank денес паднаа за три отсто, достигнувајќи најниска вредност досега, неколку дена пред годишната конференција. Продажбата на акции беше резултат на афера,…

  • Човечките ресурси се катализатори на позитивните трансформации во работната средина

    Човечките ресурси се катализатори на позитивните трансформации во работната средина

    Стареењето на работната сила, предизвиците наспроти уникатните можности што ги носи демографската промена на населението опсервирано од корпоративните елементи, беше тема на предавањето на д-р…

  • Tesla Motors има пари за уште само десет месеци?

    Tesla Motors има пари за уште само десет месеци?

    Извршниот директор на производителот на електрични автомобили Tesla Motors, Елон Маск, изјавил на неговите работници дека Tesla ќе остане без пари за десет месеци ако не…

  • FBI покренале истрага против Johnson&Johnson, Siemens, GE и Philips

    FBI покренале истрага против Johnson&Johnson, Siemens, GE и Philips

    FBI започнале истрага против корпоративните гиганти Johnson&Johnson, Siemens, GE и Philips, поради сомнение дека поткупиле бразилски функционери во случајот во врска со продажбата на медицинска опрема,…

  • Официјална Реакција на Huawei за најавите од Google

    Официјална Реакција на Huawei за најавите од Google

    Официјална изјава на Huawei Huawei направи значителен придонес во развојот на Андроид низ целиот свет. Како еден од клучните глобални партнери на Андроид, ние тесно соработуваме…

  • Пивара Скопје воведува нова категорија пијалаци на пазарот

    Пивара Скопје воведува нова категорија пијалаци на пазарот

    Strongbow и Apple Bandit – ново природно сајдер освежување од Пивара Скопје Пивара Скопје на пазарот лансираше нова категорија пијалаци – САЈДЕР. Сајдерот е еден…