29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрамп ќе го забрани Huawei во Америка

Трамп ќе го забрани Huawei во Америка

Трамп оваа недела би требало да потпише налог кој на фирмите во САД ќе им се забранува користење на опрема на компаниите кои претставуваат ризик за националната безбедност.

Како што јавува Reuters, налогот кој го отвора патот за забрана за работењето со кинеската фирма Huawei, се размислува веќе подолго од една година, но неколку пати е одложено, тврдат извори запознаени со ситуацијата кои замолиле да останат анонимни.

Додале дека донесувањето на наредбата може повторно да биде одложена.

Претседателот на САД има намера да се повика на Меѓународниот акт за вонредни економски овластувања (International Emergency Economic Powers Act, IEEPA) кој му дава право да ја регулира трговијата во случај на закана по националната безбедност.

Според извори на Reuters, по наредбата, Министерството за трговија би требало во соработка со другите владини агенции да изработи план за спроведување на одредбите.

Ако претседателот го потпише извршниот налог, одредбата ќе биде спроведена во особено чувствителен момент кога односите меѓу Кина и Соединетите Држави се затегнати поради меѓусебното зголемување на царината.

Официјален Вашингтон верува дека Кина би можела да го шпионира САД со опрема која ја произведува Huawei Technologies, третиот по големина производител на паметни телефони во светот.

Huawei во повеќе наврати ги негирал овие наводи. Покрај тоа, претседателот на Huawei изјавил дека кинеската телекомуникациска компанија сака да потпише договори за нешпионирање со владите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП