25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати за првиот квартал

ТТК Банка АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати за првиот квартал

ТТК Банка АД Скопје за периодот јануари – март 2019 година оствари позитивен резултат и изнесува 5,7 милиони денари.

Нето-приходите од камати како основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето во првиот квартал од 2019 година изнесуваат 64,3 милиони денари и бележат пад од 4,4% во однос на истиот период минатата година, што главно произлегува од секторот финансиски институции и банки. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 103%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во анализираниот период изнесуваат 31,3 милиони денари и бележат пораст од 7,2% во однос на истиот период минатата година. Најголем придонес во структурата на оваа позиција имаат приходите од провизии коишто потекнуваат од платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство како и од приходите од провизии од секторот кредитирање. Планираните нето-приходи од провизии се остварени со 97%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 1,9 милиони денари и бележат раст од 2,5% во однос на истиот период минатата година. Остварувањето на планот изнесува 109%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.3.2019 година изнесуваат 4,8 милион денари и бележат намалување како резултат на повеќе реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот во првиот квартал од минатата година.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 77,1 милиони денари и истите се пониски за 2,7% споредено со истиот период минатата година, пред сѐ како резултат на подобрената оперативна ефикасност.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП