24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска Банка АД Битола прокнижи загуба за првиот квартал од 2019 година

Стопанска Банка АД Битола прокнижи загуба за првиот квартал од 2019 година

Стопанска Банка АД Битола за периодот јануари-март 2019 година оствари негативен резултат во износ од 25,75 милиони денари.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.-31.3.2019 година изнесуваат 75,10 милиони денари, што претставува остварување на планот за првиот квартал со 94,63%. Засилените активности за наплата на кредитното портфолио и континуираното надолно прилагодување на активните каматни стапки во согласност со пазарните трендови доведоа до намалување на нето-каматниот приход, кој е понизок за 13,47% во однос на остварувањето за истиот период од минатата година.

Нето-приходите од провизии и надоместоци во првиот квартал од тековната 2019 година изнесуваат 24,47 милиони денари и се пониски за 22,51% во однос на остварувањето од истиот период од минатата година. Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 96,86%.

Нето-курсните разлики се пониски за 1,24 милион денари споредено со првиот квартал од минатата година, додека планот е остварен со 81,78%.

Останатите приходи од дејноста се пониски за 5,08 милиони денари, споредено со периодот 1.1.-31.3.2018 година, кога беа остварени вонредни приходи и капитални добивки од продажба на преземен имот.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е повисока во однос на првиот квартал од претходната година за 25,26 милиони денари, што се должи на процените за квалитет на дел од кредитното портфолио како мерка на прудентно работење и претпазливост на Банката.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, за периодот 1.1.-31.3.2019 година изнесуваше само 2,18 милиони денари, што претставува значително помал износ споредено со минатата година, како резултат на издвојување помал износ за оштетување на преземениот имот во согласност со регулативата на НБРМ според која преземениот имот од 1.1.2010 година се сведува на нула

Трошоците за вработените бележат раст од 4,23% споредено со периодот 1.1- 31.3.2018 година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 86,22%.

Останатите расходи од дејноста се пониски за 8,67%, што главно е резултат на резервирања за потенцијални обврски во претходната година, што не е случај во тековната година. Планот за првиот квартал од тековната година е реализиран со 109,66%. Амортизацијата е зголемена за 26,39% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 125,84%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП