28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo работи на лаптоп со флексибилен екран

Lenovo работи на лаптоп со флексибилен екран

Флексибилните телефони полека стануваат вообичаена појава, но за флексибилните лаптопи до сега не се слушнало многу. Lenovo веќе некое време размислува за овој концепт, а на 14 мај биле објавени и првите резултати од ова уште експериментално настојување, па компанијата на својата акцелераторска конференција претставила прототип на првиот флексибилен компјутер.

Новиот уред сè уште не добил име, но е замислен како дел од ThinkPad X1 семејството, а како замена за лаптопот. Прототипот е сеуште нецелосен, па компанијата има време да го дополни до 2020 година кога е планирано официјалното лансирање. Сè уште не е познато многу за карактеристиките, бидејќи проектот се чува во тајност за ривалските компании да не би можеле да копираат некои од претстојните функции.

Познато е само дека преклопливиот компјутер ќе има 13,3-инчен OLED дисплеј кој се преклопува како кај Galaxy Fold уредот. Кога ќе се расклопи уредот станува целосно рамен, нема видливо место на преклопување, а од компанијата велат дека така е поради што е вложен голем напор за да се направи нов екран да функционира подобро од постоечките модели. Кога ќе го преклопите уредот потсетува на notebook, а поради големината и обвивката од кожа, сосема е удобно за носење во една рака, бидејќи би требало да тежи помалку од 900 грама.

Уредот би требало да му се придружи на ThinkPad семејството, што е, како што трвдат оние кој го тестирале, логично е лесно да се држи во едната рака додека другата се користи за пишување. Покрај тоа, уредот може да се користи и како обичен лаптоп – расклопен на маса, со екран свртен кон корисникот. Иако прототипот е прилично базичен, сепак обезбедува увид во тоа како може да изгледа иднината на преклопувачките компјутери, а како најголем проблем е тоа што уредот не е особено функционален како лаптоп ако не се додаде соодветна тастатура, па компанијата има уште време за новиот модел да му овозможи да биде функционален и независен, без дополнителни елементи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП