6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаника на светските берзи поради ескалацијата на "тарифната" војна

Паника на светските берзи поради ескалацијата на “тарифната” војна

Инвеститорите на светските берзи ги ”тресе” паника, цените на акциите на Wall Street на европските пазари незадржливо тонат по веста дека Кина одлучи да воведе возвратни тарифи на 60 милијарди долари вреден увоз од САД, што тарифната ”војна” меѓу двете земји достигна точка на вриење.

Паневропскиот индекс STOX 600 изгуби 1,03% од вредноста.

Индексот на лондонската берза FTSE  100 се ”лизна” за половина процент на 7.163,68 поени, германскиот DAX е во пад за 1.5 проценти на 11.876,65 поени, а францускиот CAC 40 за 1,2 проценти на 5.262, 57 бодови, според податоците на Bloomberg.

На Wall Street, индексот S&P 500 падна за 2,6 проценти, околу пладне по њујоршко време, што е негов најголем пад од 24 декември минатата година, индустрискиот Dow Jones ”потонал” за 2,5 проценти, додека технолошкиот индекс Nasdaq  се лизна за 3,4 проценти.

Цените на нафтата исто така ослабеа за повеќе од 1,0 проценти, приклучувајќи се на движењата забележани на берзите.

Американската ”лесна” нафта WTI за јунската испорака паднала за 1,5 проценти на 60,76 долари за барел на Њујоршката берза за стоки, додека северноморската нафта ”брент” за испораката во јули потонала за 1,0 проценти на 69,87 долари за барел на европската ICE берза.

Златото, од друга страна, скокнало за 1,0 проценти на 1.300 долари по унца.

Кинеското Министерство за финансии соопштило денеска дека планира да воведе царина од пет до 25 проценти на листата на производи увезени од САД вредни околу 60 милијарди долари.

Се очекува касно денеска американските официјални претставници да објават детали за нивниот план за зголемување на тарифите за целиот преостанат увоз од Кина вреден околу 300 милијарди долари, додава Bloomberg.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП