25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPSA го купува Jaguar Land Rover?

PSA го купува Jaguar Land Rover?

Се појавиле документи кои укажува на намерата на француската PSA групација да го купи британскиот Jaguar Land Rover (JLR).

Инсајдерите во JLR тврдат дека “работите се движат брзо зад затворени врати”, додека портпаролот на PSA изјавил дека компанијата “ќе ги разгледа превземањата ако се укаже прилика”.

Сепак, лидерите на двете компании експлицитно ги демантирале тврдењата за спојување. И претставници на индиската компанија Tata, кој е мнозински сопственик на JLR, укажува дека гласините за продажба се неточни.

PSA, под чие покровителство работат Peugeot, Citroen и Opel има седиште во Велика Британија одалечено 40 километри од седиштето на JLR. Францускиот конзорциум поседува фабрика во Велика Британија откако го купил германскиот Opel, кој на островот се продава под брендот Vauxhall.

PSA, чиј  ко-сопственост е француската влада со 13,68 проценти од акциите, забележал голем успех откако го превземал Opel/Vauxhall од General Motors.

Opel/Vauxhall направил профит од 859 милиони евра во текот на 2018 година, споредено кога работеше под GM беше во загуба од 257 милиони во 2016 година.

Гласините за продажба на JLR ги покренале лошите деловни резултати на компанијата која во последниот квартал минатата година забележала загуба од 315 милиони евра, а ја намалила вредноста на имотот за 3,5 милијарди евра. Неодамнешниот успех на електричниот Jaguar I-Pace и новиот Range Rover Evoque значително влијаело врз зголемување на профитот на компанијата, како и воведувањето на хибридни модели, но еколошките норми и економската “војна” со Кина предизвикале пад на продажбата на модели како Jaguar XE и Land Rover Discovery.

Во меѓувреме, PSA бара партнер за пробивање на американскиот пазар, па се шпекулира за соработка со FCA и GM.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП