
Граѓаните на Скопје од денеска ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата. ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје ги известуваат корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

