27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТитулата најдобар LTE уред оди во рацете на LG Optimus G Pro

Титулата најдобар LTE уред оди во рацете на LG Optimus G Pro

lg-optimus-g-pro

Компанијата „LG“ уште еднаш се закити со престижна награда за своите иновации, овој пат на годинешниот Светскиот „LTE“ самит нивниот паметен телефон „LG Optimus G Pro 4G“ ја доби наградата за најдобар „LTE“ уред. Оваа награда е признание за супериорните „LTE“ можности, едноставната употреба, поврзаноста и елегантниот дизајн.

Со експресното ширење на „LTE“  големо-брзинските мрежи, се повеќе корисници можат да уживаат во квалитетните на мобилните уреди. Во однос на тоа, дојде до нагла побарувачка за премиум „LTE“ паметни телефони.

Опремен со моќен „Qualcomm“ процесор „Snapdragon 600“ со 14 сантиметарски „Full HD“ екран, наградениот „LG Optimus G Pro“ нуди брзи перформанси, ненадминлив квалитет на сликата и интуитивен кориснички интерфејс.

„Чест ни е да ја примиме оваа престижна награда. „Optimus G Pro“ јасно покажува како „LG“ на потрошувачите им го нуди само најдоброто кога станува збор за мобилната технологија и корисничките искуства, но нема тука да застанеме. Ние и понатаму работиме на развој на нови генерации напредни „LTE“ уреди и мрежни технологии.“ истакна претседателот на компанијата „LG Electronics Mobile Communications“, Јонг Сеок Парк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП