22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКатастрофа на Uber на првиот ден од тргувањето на Wall Street

Катастрофа на Uber на првиот ден од тргувањето на Wall Street

Индексите на Wall Street пораснаa по четири дена пад, бидејќи Вашингтон порача дека трговските преговори со Кина биле конструктивни.

Приказната на денот, сепак беше пазарното деби на Uber Technologies, кое не заврши баш славно. Акциите на оваа компанија на првиот ден на тргување потонаа за 7,6 проценти под иницијалната цена.

Првиот ден на тргување на акциите на Uber завршиле на ниво од 41,57 долари, што е редок почетен пад на акции од ваков висок профил. Тоа му дава на Uber пазарна вредност од околу 76 милијарди долари.

Од 2000 година само осумнаесет компании со валуација поголема од милијарда долари доживеале пад првиот ден од тргувањето, според податоците Dealogic. Последниот таков случај бил кинескиот производител на електрични возила Nio кој во септември минатата година на првиот ден на тргување ослабел за 4 проценти.

Компанијата која сака да ја револуционизира мобилноста и транспортот е многу непрофитабилна. Само во последните 12 месеци – до крајот на март – во нејзините деловни книги стои минус од околу 3,7 милијарди евра што е рекорден губиток меѓу компаниите во годините пред излегување на берза. Тоа сигурно може да го објасни сценариото кое што го видовме вчера на Wall Street.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП