Според неодамнешните гласини, навестено е дека Samsung Galaxy Note 10 можеби ќе излезе со четири камери на задната страна. Овој телефон ќе биде сличен во однос на бројот на камери со 5G верзијата на Samsung Galaxy S10. Сега можеби имаме повеќе траги за тоа каква камера ќе има телефонот.
Во соопштението, Samsung компанијата претставила неколку нови сензори за камера во форма на 64 MP ISOCELL Bright GW1 и 48 MP ISOCELL Bright GM2, кои според Samsung ќе помогне за ,,ултра-висока резолуција” на мобилна фотографија. Ќе користи Samsung Tetracell технологија која ќе помогне во спојување на пикселите и remosaic алгоритам како би помогнал во создавање на јасни фотографии при слабо осветлување и фотографии со повеќе детали под услови на подобро осветлување.
Јонгин Парк, извршен потпретседател во секторот за сензори во Samsung Electronics, изјавил за новите сензори: “Во текот на изминатите неколку години, камерите на мобилните телефони станаа главен инструмент за снимање и споделување на нашите секојдневни моменти. Со повеќе пиксели и напредни технологии за пиксели, Samsung ISOCELL Bright GW1 и GM2 ќе донесе ново ниво на фотографија на денешните лесни мобилни уреди кои ќе се подобрат и помогнат во промената на начинот на кој го бележиме нашиот секојдневен живот”.
Сега, не постои гаранција дека се тие сензори кои ќе бидат имплементирани во Note 10, но би било непромислено од Samsung да не ја искористи сопствената технологија, но ќе мораме да почекаме и видиме.