13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската војна продолжува: Вашингтон повеќе од двојно ги зголеми царините за Пекинг

Трговската војна продолжува: Вашингтон повеќе од двојно ги зголеми царините за Пекинг

САД повеќе од двојно ги зголеми царините за кинеската стока, што дополнително ја ескалиралаше трговската војна меѓу двете земји. Царините од 200 милијарди американски долари за кинескиот увоз е зголемен од десет на 25 проценти, а Пекинг најави реципрочни мерки.

Кина изразила “длабоко жалење” во врска со случајот на Вашингтон и најавени се “неопходни контрамерки”.

Трговските разговори помеѓу кинескиот заменик премиер Лију Хе и американскиот трговски претставник Роберт Лајтајзер продолжиле и покрај зголемувањето на царините.

Азиските берзи денес забележале мешани резултати, бидејќи инвеститорите повторно станале нервозни во поглед на можното влијание на трговската војна на глобалниот економски раст.

Американските официјални лица го обвиниле Пекинг за откажување од обврските преземени во претходните рунди на преговори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП