2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКо-основачот на Facebook: Треба да се ''скрши'' Facebook

Ко-основачот на Facebook: Треба да се ”скрши” Facebook

Ко-основачот на Facebook, Крис Хјуз, изјавил дека е време таа социјална мрежа да се ”скрши”.

Во една статија објавена во “The New York Times” во четвртокот, Хјуз, изјавил дека извршниот директор Марк Цукерберг го претворил Facebook во монопол кој ја спречува иновацијата, пренесува AP.

Социјалната мрежа Facebook има повеќе од две милијарди корисници, а исто така го поседува “Vocap”, “Messenger” и Instagram, од кои секоја се користи од повеќе од една милијарда луѓе. Facebook го купил Instagram во 2012 и Vocap во 2014.

Хјуз изјавил дека моќта на Цукерберг е “без преседан неамериканска”, додавајќи дека неговиот поранешен колега се фокусира на раст, што довело до тоа да ја “жртвува безбедноста и учтивоста за кликови.” Според него, Facebook е монопол кој би требало да ги принуди Vocap и Instagram да се раздвојат, а идните спојувања да бидат забранети во следните неколку години.

Хјуз, исто така, повикал на формирање на нова федерална агенција за регулирање на технолошки компании и чија “прва задача би била да се заштити приватноста”.

Хјуз бил во соба со Цукерберг на Харвард и го напуштил Facebook во 2007 година за да учествува во предизборната кампања на Барак Обама.

Тој тврди дека ги ликвидирал неговите акции од Facebook во 2012 година, кога станал издавач на “Нова Република”, и веќе не инвестира во ниедна компанија за социјалните мрежи.

”Поминаа 15 години откако сум учествувал во основањето на Facebook на Харвард, и не работам во компанијата веќе една деценија. Но, јас се чувствувам лут и одговорен”, изјавил Хјуз.

Главниот портпарол на Facebook, Ник Клег, одговорил на критиките на Хјуз во изјава во која тој вели дека одговорноста не наметнува повикување на распад на успешните американски компании.

“Одговорноста на технолошки компании може да се постигне само преку макотрпно воведување на нови правила за интернет. Тоа е токму она што Марк Цукерберг го повикува”, изјавил Клег.

Како што наведува AP, Цукерберг, меѓутоа е нејасен по прашањето за какви точни регулации се залага.

Facebook од 2016 година изгубил неколку лидери по серијата скандали во нарушување на приватноста и ширење дезинформации. Основачите на Instagram и Vocap го напуштиле, како и директорот кој го превземал Vocap минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП