26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради голот во последната секунда Ајакс изгуби на берза 100 милони евра

Поради голот во последната секунда Ајакс изгуби на берза 100 милони евра

Акциите на холандскиот фудбалски клуб Ајакс изгубиле 15 проценти од вредноста во четвртокот, откако клубот испадна од УЕФА Лигата на шампионите.

Ајакс во средата изгуби 3: 2 од Тотенхем и испадна од понатамошното натпреварување поради головите во гости.

Неговите акции, кои на затварањето на берзата во четвртокот биле во вредност од 23,5 фунти за акција, поради очекувањата дека лесно ќе се пласираат во финалето на натпреварот, паднале на 19,65 фунти до 11:02 часот денес.

Ова ја намалила вредноста на клубот за 100 милиони фунти (околу 116 милиони евра), односно неговата пазарна вредност од 430 милиони фунти паднала на 337 милиони.

Акциите на Ајакс претходно постојано се зголемувале, пратејќи ја нивната победничка низа во полуфиналето. Тие скокнале за девет проценти по победата на европскиот шампион Реал Мадрид во четвртфиналето, како и скоро 10 проценти откако холандскиот клуб го елиминирал италијанскиот Јувентус и се пласирал во полуфиналето.

Тешкиот пораз го чинеше холандскиот клуб 15 милиони евра поради загубените награди, што е околу 16 проценти од неговите приходи во 2018 година.

Сепак, и покрај падот во драматичната завршница на нивната натпреварувачка сезона, акциите на Ајакс оваа година се “во зелено” дури 52 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП