18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМАКПЕТРОЛ АД Скопје со зголемени приходи за првиот квартал

МАКПЕТРОЛ АД Скопје со зголемени приходи за првиот квартал

МАКПЕТРОЛ АД Скопје  за периодот јануари-март 2019 оствари вкупен приход во износ од 4,70 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 363 милиони денари, односно остварен е пораст од 8,38%. Во структурата на приходите, најголем удел имаат приходите од продажба со учество од 99,2%, коишто приходи се остваруваат 94,7% со продажба на домашниот пазар.

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 4,66 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за 436 милиони денари или 10,3%.

На крајот на овој период, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 39,11 милиони денари, односно добивка по оданочување во износ од 35,61 милиони денари, која е за 37% помала од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 96,68 милиони денари.

Вкупната сеопфатна добивка изнесува 75,15 милиони денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП