Компанијата Toyota соопшти денеска дека во првиот квартал во 2019 година забележала пад на профитот од четири проценти поради слабата продажба на возила во Северна Америка.
Во исто време, помалиот јапонски производител на автомобили Honda известил дека прокнижил загуба.
Toyota од јануари до крајот на март оствариле добивка од 459,5 милијарди јени, или 4,2 милијарди долари, во споредба со 480,8 милијарди јени од истиот минатогодишен квартал, пренесува агенцијата AP.
Приходите од продажба во првиот квартал се зголемиле за два проценти, на 7,75 трилиони јени (70 милијарди долари), се наведува во соопштението на компанијата.
Јапонскиот производител на седани ”camry”, хибридот ”prius” и луксузниот модел ”lexus” планира профит од 2.25 трилиони јени или 20 милијарди долари за фискалната година која што завршува во март 2020 година, што е зголемување од речиси 20 проценти во споредба на проценeтите 1,88 трилиони јени (17 милијарди долари) за фискалната година што заврши во март 2019 година.
Меѓутоа, јапонските медиуми велат дека со 30,2 трилиони јени (275 милијарди долари) годишен приход, Toyota е првата јапонска компанија која забележала продажба над 30 трилиони јени (273 милијарди долари).
Во фискалната година што заврши во март, Toyota продале 10,6 милиони возила ширум светот, во споредба со 10,4 милиони од претходната фискална година.
Другата јапонска автомобилска компанија Honda, објавила загуба од 13 милијарди јени (118 милиони долари) за периодот јануари-март, и покрај порастот на продажбата, поради неповолната стапка, трошоците по основ на даноците на добивка и другите расходи, наведува AP.