Колку често користите Google пребарувач? Колку пати дневно се најавувате на Facebook за да проверите кои се новостите? Одговорот е: веројатно премногу.
Во текот на еден работен ден, 60 секунди може да изгледаат како ништо конкретно да не можете да направите за тоа време. Од друга страна, пак, според податоците објавени од страна на Lewis and Chadd Callahan од Cumulus Media, 60 секунди значат многу за вас и вашиот бизнис.
Наместо да се фокусираме на трендовите и предвидувањата во светот на дигиталниот маркетинг, во наредните редови ќе се фокусираме на активностите кои се случуваат во текот на 60 секунди на интернет. Без оглед на тоа дали користите некоја од долу наведените социјални мрежи и платформи, оваа информација ќе биде значајна за вашиот бизнис.
996.956 долари потрошени онлајн
3,8 милиони пребарувања на Google
1 милион Facebook најавувања
347,222 Instagram прелистувања
87.500 Твитови
188 милиони испратени меилови
18.1 милиони текстуални пораки
390.030 преземени апликации од Google Play и App Store
41,6 милиони испратини пораки преку WhatsApp и Messenger
4,5 милиони прегледи на YouTube
694.444 гледани часа на Netflix
2,1 милиони креирани снепови
41 претплати на музички сервиси
Овие податоци се неверојатни. Застанете за момент и размислете на кој начин можете да ги икористите овие податоци за да ја подобрите активноста и ефективноста на вашиот бренд на социјалните мрежи. Исто така, важно е да се анализира присуството на вашиот бренд на социјалните мрежи. Дали постојат некои од наведените мрежи на кои вашиот бренд не е присутен, а тука да се наоѓа вашата целна група.