25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави билтенот за април 2019

Македонска берза го објави билтенот за април 2019

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04.-30.04.2019 година вкупниот промет изнесувал 458.854.402 денари. 

Класичното тргување изнесува 353.279.188 денари и е зголемено во однос на март за 20,83 отсто.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 316.235.104 денари и обврзници во вредност од 37.044.084 денари.

Блок трансакциите во април изнесувале 105.575.214  денари и се намалени за 73,31 отсто во однос на март.

Бројот на трансакции во април изнесувал 1.507.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за четвртиот месец од годината беа на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, и Макпетрол го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за март 2019 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП