26 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ''Потопена'' кварталната добивка на BMW

”Потопена” кварталната добивка на BMW

Германскиот производител на луксузни автомобили BMW, известил во вторникот за значително пониската нето добивка во првиот квартал поради резервацијата од 1,4 милијарди евра за плаќање казни кој најверојатно ќе им ги досуди Европската унија.

Нето добивката на групата се намалила за 74,2 проценти на годишно ниво, на 588 милиони евра, се наведува во соопштението.

Брисел тврди дека BMW во договор со Daimler и Volkswagen, настојувал да го заобиколи пазарот во сегментот технологија и контрола на емисијата на штетни гасови, што најверојатно значи дека компанијата ќе плати значителна казна, предупредуваат од германскиот автомобилски гигант.

Веќе по објавувањето на деталите за европската истрага во април, BMW ги предупредил инвеститорите дека ќе мора да резервираат најмалку една милијарда евра за покривање на трошоците за казни.

“Ако бидее потребно, BMW со сите расположливи правни средства ќе ги оспорува тврдењата на Европската комисија”, велат од компанијата.

Деловните резултати на групацијата биле притиснати и од трошоците за истражување и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП