18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп: Не знам како успеавме

Клоп: Не знам како успеавме

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека е преплавен од емоции по неверојатниот пресврт што го направија неговите фудбалери против Барселона. Ливерпул со вкупен резултат 4:3 се пласираа во финалето.

„Ова е премногу дури и за мене. Игравме против веројатно најдобриот тим во светот. Сма по себе победата е тешка, но тоа го направивме без да примиме гол…Не знам како успеавме во тоа. Ова што се случи е неверојатно“, рекол Клоп.

Германецот објаснил како неговите играчи му пристапиле на натпреварот во кој немале што да загубат.

„Моравме да бидеме сериозни и дрски во исто време. Тоа беше неопходно. Предвидливите работи Барселона ги брани одлично. Но морате да бидете непредвидливи. Така беше кај последниот гол. Видов дека топката лета во голот, но не го видов корнерот, ниту кој го изведе. Луѓето околу мене се прашуваа што се случило“, рекол Клоп.

Ливерпул втора година по ред ќе играат финале во Лигата на шампионите, лани беа поразени од Реал (3:1). Оваа година во Мадрид противник на „црвените“ ќе им биде победникот од дуелот помеѓу Ајакс и Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП