18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе поголеми проблеми за Airbnb

Се поголеми проблеми за Airbnb

Еден од најголемите интернет посредувачи за изнајмување апартмани ја презема контролата над градовите. Поради зголемената популарност помеѓу изнајмувачите и брзите заработки, многу сопственици на недвижнини во поголемите градови своите станови и куќи не сакаат да ги изнајмат на подолго време.

Иако Airbnb во своите почетоци бил замислен како платформа преку која луѓето на посетителите можат да им понудат кревет за 10 долари, а потоа и соба во нивниот дом, оваа интернет платформа многу брзо прерасна во нешто многу поголемо.

Денес, 11 години подоцна, Airbnb вреди повеќе од 31 милијарда долари, а во просек два милиони туристи дневно го бараат своето сместување на оваа страница.

Најголем број апартмани за сместување се наоѓаат во Лондон, Париз и Њујорк, а токму тие градови од година во година мачат маки со недостаток на станови за долгогодишно изнајмување.

Битката со еден од најголемите брокери за изнајмување до некаде успеа да го реши Њујорк. Имено, властите на оваа метропола вовеле законски прописи за да ги спречат изнајмувачите и агенциите секој објект да го регистрираат како туристички. Така, нивниот закон забранува изнамување на поголем број на станови под 30 дена. Единствениот начин за сопственикот да го изнајми својот објект за пократок период е ако тој сам живее на истата адреса.

Од друга страна, Airbnb за целиот случај го обвинува хотелското лоби. Имено, според нивните наводи, сопствениците на големите хотелски синџири вршат притисок врз властите со помош на законските одредби да ја ”згаснат” конкуренцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП