13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ''Бомба'' од Boeing: Знаеле за проблемот година дена пред падот на авионот

”Бомба” од Boeing: Знаеле за проблемот година дена пред падот на авионот

Boeing признал дека знаеле за проблемот со авионите 737 Max година дена пред двата авиони кои доживеаа фатални несреќи, но дека ништо не превземале.

Компанијата соопштила дека ненамерно направила аларм кој известува за проблемот со сензорите кои го мерат аголот на летање, како дополнителна опција наместо стандардната, но инсистирала дека тоа не ја загрозува безбедноста за летање, пренесува BBC.

Аголот на летање на авионот бил идентификуван како фактор во двете катастрофи, а од Boeing наведуваат дека и во двата фатални судири, авионските системи пратиле погрешни податоци за аголот на летање.

Како што наведуваат, имале намера да ја обезбедат таа функција како дел од стандардниот пакет, но “не разбрале” додека не почнала испораката дека била достапна само ако авиокомпаниите дополнително ја купат. Во “Boeing” велат дека имале намера да се справат со овој проблем во подоцнежните верзии на софтверот.

Сите 737 авиони беа за првпат призејмени во март, по падот на авионот на Ethiopian Airlines во кој загинаа 157 лица.

Пет месеци порано, 189 лица загинаа во иста несреќа.

Вкупно во светот се приземјени 387 авиони Boeing 737 Max.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП