2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБафет призна дека се кае што не купувал акции на Amazon

Бафет призна дека се кае што не купувал акции на Amazon

Редовниот годишен состанок на финансискиот конгломерат Berkshire Hathaway, кој традиционално е атрактивен настан поради харизматичниот Вoрен Бaфет, се одржал пред два дена. Овој пат холдингот подигнал многу прашина непосредно пред состанокот, откако прв пат во своето портфолио ги додал акциите на Amazon.

Малку е чудно што долго време го гледале астрономскиот пораст на Amazon и купуваат акции кога пазарната вредност на компанијата е скоро еден трилион долари. Идејата за инвестирање не настанала во главата на Бафет, бизнисот го воделе Тод Комбс и Тед Вешлер, кои се задолжени за управување со имотот.

Бафет го одобрил купувањето, но признал дека жали што секогаш го игнорирал тој онлајн трговец.

“Бев идиот затоа што не купив акции на Amazon”, признал Бафет.

Помина долго време откако Бафет изјави дека развојот на Amazon го следи од неговите почетоци и дека она што Џеф Безос го направил од компанијата било чудо.

Акциите на Amazon скокнале за два проценти откако било објавено дека купува Berkshire Hathaway. Од почетокот на годината во плус се дури 27 проценти. Нивниот курс повторно се приближува до рекордна вредност од над 2.000 долари.

Според пазарната вредност, Amazon е трета најголема американска компанија. Пред неа се само Microsoft и Apple.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП