24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla планира да собере 2 милијарди долари дополнителен капитал

Tesla планира да собере 2 милијарди долари дополнителен капитал

Tesla Inc. планира да собере околу 2 милијарди долари преку понуда на акции и хартии, бидејќи Елон Муск ја преценил способноста на лимузината Model 3 дека може да генерира доволно пари за компанијата да биде самоодржлива.

Производителот на електрични автомобили во четвртокот најавил собирање на 1,35 милијарди долари во конвертибилни записи и околу 650 милиони долари во акции. Акциите на Tesla кои оваа година паднаа за 30 проценти, се зголемија денес за 2 проценти на 238,65 долари, а и нејзините обврзници напредувале.

“Ние го гледаме ова како јасен нето позитивен резултат за Tesla”, изјавил Дан Ивес, аналитичар во компанијата Wedbush Securities. Производителот на електрични автомобили морал “да го земе лекот и да ја оттргне загриженоста на инвеститорите”.

Главниот извршен директор на Tesla изјавил во неколку наврати минатата година дека компанијата нема да треба да собира дополнителен капитал откако започнало масовното производство на Model 3. Муск ја променил приказната по првото тромесечје, кога е забележано рекордно намалување на испораките на возила и кога најголемата исплата на долгот на компанијата го истрошил неговото готовинско салдо на тригодишен најнизок износ од 2,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП