29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.05.2019

Дневен хороскоп 03.05.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Во некои ситуации со кои денес се соочувате се чувствувате безнадежно. Тешко ви е да избалансирате се што сакате и полека се помирувате со неуспехот. Не дозволувајте озборувањата и интригите кои доаѓаат од страна да влијаат на односот со партнерот.

 

Бик (21.04 – 21.05)

На работа ова ќе биде повеќе од мирен ден. Поголем дел од раководството ќе биде надвор од фирмата и тоа ви е шанса да завршите и некоја приватна обврска. За вас ова ќе биде како добивка на игрите на среќа.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе имате успех доколку денес се занимавате со било какви хартии, документи, пресметки…. Поволен ден за оние кои работат во администрација, книговодство. Партнерот ќе ви открие некоја тајна. Ќе бидете изненадени и збунети.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Време е конечно да соберете сила и на партнерот да му кажете што навистина мислите. Немојте да се стегате, бидете доволно отворени и директни. Можни се проблеми со несоница предизвикана од постојаните размислувања. Прилично сте напнати и тешко дека ќе успеете да се опуштите.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не сте подготвени за промени на деловното поле. Можно е да одбиете некоја понуда, но во моментов ви е најважно да ја задржите работата која ја имате. Склони сте на депресија, тешки емоции, денес едноставно не е вашиот ден.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Нема да се согласите да појдете на состанок со некое навалентно лице. Не сакате било кој да ве форсира и да ви досадува на било кој начин. Постои опасност од падови, повреди и исеченици, бидете внимателни.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Уморни сте од калкулирања, сакате јасно да дефинирате што можете да очекувате од саканото лице, а што не. Дури и да останете сами, важно ви е само да знаете на што сте. Нестабилен ден за вас.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потрудете се да ги исполните своите обврски и дадениот збор. Ако постапите адекватно, можете да успеете да склучите некоја важна деловна сорбаботка. Повеќемесечната физичка неактивност ќе дојде по својот данок.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Мислите дека само вие имате проблеми, но верувајте дека сите ги имаат. Седнете и искрено поразговарајте со партнерот за се што ви пречи, тој најдобро ќе ве сфати. Потрудете се вечер да си легнете порано.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можна е неочекувана помала парична добивка. Се повлeкувате пред нервозата на партнерот. Во моментов не сте расположени за кавги, расправии и надмудрувања. Многу ви е тешко да се занимавате со случувањата од минатото.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Многу размислувате за тоа како да му пријдете на лицето кое ви се допаѓа. Додека чекате и калкулирате, некој друг може да ја искористи вашата шанса. Не се сомневајте во себе, наполнете се со самодоверба.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Саканото лице ви префрла дека сте станале отсутни и незаинтересирани. Смета дека не е приоритет за вас. Во овој момент ниту самите не сте сигурни дали е тоа вистина или не. Внимавајте во сообраќајот, вашата концентрација е намалена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП