4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГигантот затаи: За првите три месеци профитот намален дури за една милијарда

Гигантот затаи: За првите три месеци профитот намален дури за една милијарда

Гигантот Alphabet Inc. во првиот квартал од оваа година пријави прих од продажба од 36.3 милијарди долари.

Тоа е под очекуваните 37,33 милијарди долари, со што цената на акциите паднала за речиси седум проценти по објавувањето на резултатите.

Во првите три месеци од оваа година паднал и профитот на овој технолошки гигант на кој што влијаела казната на Европската комисија поради блокирање на онлајн пребарувањата на конкурентските огласувачи. Alphabet всушност морал да плати 1,5 милијарди евра откако ја искористил пазарната доминација така што го ограничувале дисплејот на конкурентските реклами помеѓу 2006 и 2016 година, објави BBC.

Така оперативната добивка на компанијата паднала од претходните 7,6 милијарди долари на “само” 6,6 милијарди долари.

Се забавил растот на т.н. платени кликови во споредба со почетокот на 2018 година, а финансискиот директор Рут Порат изјавила дека компанијата експериментира со рекламните услуги прилагодувајќи се на се повеќе доминантното користење на нивните услуги преку мобилните уреди. Поголемиот дел од приходите поточно 84,5 проценти доаѓа од рекламирање на услуги кои ги нуди Google.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП