7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава дивиденда ќе исплати НЛБ Банка за 2018 година?

Колкава дивиденда ќе исплати НЛБ Банка за 2018 година?

Според Предлог-одлуката за распределба на дивиденда, НЛБ Банка АД Скопје планира да исплати дивиденда за 2018 година во бруто-износ од 1.484.358.018,00 денари или 1.738,00 денари бруто по акција.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 11.06.2019 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 12.06.2019 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2018 година е 13.06.2019 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на ЦДХВ.

Исплатата на дивиденда ќе почне 30-от ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје кое е закажано за 30.05.2019 година со почеток во 11.00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП