10 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.05.2019

Дневен хороскоп 02.05.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Земајки ја во предвид позицијата на Месечината и Плутон ќе оставите позитивен впечаток на другите со својот ентузијазам, енергичност и силата на вашите мотиви. Ако им се спротивставите на соработниците, особено на Водолија или Рак ќе успеете да ги збуните да не знаат што сакале да кажат. Бидете тактични со некој Лав.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ова не е поволно време да ризикувате многу во работата, туку е поволно време да се повлечете малку настрана од кругот на пријатели. Некој кој ви е многу посветен ќе биде заинтересиран за вашата работа. Подготвени сте да бидете дел од нешто што може всушност да биде нов голем проект.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можете несвесно да ги провоцирате блиските лица. Потрудете се да се однесувате малку посвесно. Можно е да ви биде непријатно подоцна. Ако треба некого да го убедите во вашиот став тогаш би требало многу потактично да ја одиграте вашата улога.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можеби сте подготвени да се одморите, но новонастанатите околности ќе ве вратат повторно на работа. Вам тоа не ви пречи, ама му пречи на партнерот. Тој ќе почне да приговара и да ја користи својата способност за манипулација за да ве одвлече подалеку од работата.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе имате забележителни промени во однесувањето. Вашиот мирен и бавен пристап кон работите би можел да ги живцира луѓето околу вас. Не таложете негативна енергија во вас, исфрлете ја преку некоја физичка активност. Ова е еден од оние денови кога треба да се наоружате со насмевка и трпение.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Променлив ден за вас, кога станува збор за психичката состојба. Денес би можеле да бидете нервозни без некоја посебна причина. Емоциите ќе ви бидат на исклучително високо ниво. Другите нама да имаат разбирање за вашиот начин на комуникација. Можно е да се случи некој директно да ви каже се што мисли за вас во лице.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Преоптеретени сте со размислувања за новата работа или некои обврски кои не сте биле во состојба да ги исполните во рокот. Не би требало да влезете во деловна комбинација со еден Лав ако не сте подготвени со него да се договорите за нешто што ви е важно. Можна е средба со Шкорпија.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Бидете подготвени да се вклучите во некои работи кои изгледаат многу напорни и кои можеби не ви одговараат. Сакате да добиете прилика да се договорите околу работата која би можела прилично многу да ви одговара, особено ако има врска со јавноста.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ова не е поволно време да ризикувате многу во работата, туку е поволно време да се повлечете малку настрана од кругот на пријатели. Некој кој ви е многу посветен ќе биде заинтересиран за вашата работа. Подготвени сте да бидете дел од нешто што може всушност да биде нов голем проект.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Верувате дека многумина ви завидуваат на успехот или намерно ги коментираат вашите деловни потези. Уверени сте дека некој се обидува да ве надмудри или да ви даде до знаење дека не сте биле фер кон тоа лице. Би било добро повеќе да се одморате и да не си создавате преголеми обврски.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Напорен ден, особено ако треба да се сретнете со некој Јарец кој ве наговара на нешто што не ви оди во прилог. Верувате дека можете да ги убедите Близнаците и Рибите да ги прифатат вашите совети во врска со работата во државна служба или на некој многу одговорен проект. Денес ќе имате нервози поради некои неочекувани трошоци.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Обидете се да го неутрализирате егото во комуникацијата со другите. Денес ќе бидете невообичаено осетливи и нервозни поради позицијата на Месечината и веројатно ќе се впуштите во расправија со другите. Вашата лутина може да биде резултат на вашите мали финансиски проблеми. Не навлегувајте во непотребни дебати со Лав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП