11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft е трета компанија чија вредност помина илјада милијарди долари

Microsoft е трета компанија чија вредност помина илјада милијарди долари

Microsoft по официјалното објавување на резултатите за третиот квартал од оваа година го потврди успехот како на Apple и Amazon, вкупната вредност на нивните акции надминаа еден трилион (1.000 милијарди) американски долари.

Компанијата од Редмонд го удвоила претходниот успех и ја достигнала вредноста на пазарот при што вкупната вредност на акциите ја надминале границата од еден трилион американски долари.

Тоа претставува одговор на пазарот за силниот раст на Microsoft во третиот квартал од претходната година благодарение на нивните cloud услуги, Windows оперативниот систем, Surface производи и Xbox гејминг конзолите. За зголемување допридонел и  LinkedIn и добрите деловни резултати кој Microsoft ги оствари во Јапонија.

Акциите на Microsoft по објавувањето на финансиските резултати за третиот квартал се зголемиле за 3% и достигнале вредност од 130,50 американски долари по акција.

Што се однесува до четвртиот квартал, во Microsoft предвидуваат фискални приходи со износи помеѓу 32,2 и 32,9 милијарди американски долари, што е во согласност со прогнозите на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП