13 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПропаднаа преговорите за спојување на Deutsche Bank и Commerz Bank

Пропаднаа преговорите за спојување на Deutsche Bank и Commerz Bank

Преговорите за спојување на двата водечки германски кредитори Deutsche Bank(DB) и Commerzbank завршија неуспешно.

“Заклучивме дека придобивките од оваа трансакција нема да бидат доволни за да се неутрализираат дополнителните ризици, трошоците за реструктуирање и капиталните барања врзани за толку голема интеграција”, изјави извршниот директор на Deutsche Bank, Кристијан Зевинг, пренесува CNBC.

По најновите вести, акциите на DB скокнале за повеќе од два проценти, додека акциите на Commerzbank паднале за речиси три проценти.

Со месеци се зборуваше за спојувањето на двете најголеми германски банки, што довело до многу критики во јавноста, бидејки со нивното евентуално спојување би можело да доведе до загуба на многу работни места.

Двете банки за време на глобалната финансиска криза во 2008 година водеа голема борба за да се вратат на профитната патека.

Во последниве години, особено Deutsche Bank, “полнеше” новинарски колумни поради ”спогодбата” со американското министерството за правда во врска со нејзината улога во трговијата на ризичните хипотекарни кредити, поради реорганизација на менаџментот, слабата заработка, долготрајното реструктуирање и пад на цените на акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП